Белгиецот со совети за клубот

Азар пред заминувањето во Реал Мадрид: Челси треба да го задржи истиот стил на игра и да напредува

Трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е речиси завршена работа, останува само тој и официјално да биде објавен, а тоа би требало да се случи откако ќе заврши финалето на Лига Европа.

Еден Азар е на заминување од Челси, останува уште да одигра еден натпревар во синиот дрес, финалето од Лига Европа против Арсенал.
 
Пред разделбата со Челси тој има порака до Сари и клубот, смета дека тие треба да го задржат стилот со кој играа оваа сезона и да се подобруваат со цел да ги стигнат Манчестер Сити и Ливерпул.
 
„Мислам дека треба да ја задржат истата филозофија, да продолжат да играат фудбал каков што се обидувавме да играме оваа сезона, но на уште подобар начин“, вели Азар.
 
„Кога ќе ја погледнете сезоната, Манчестер Сити и Ливерпул беа многу подобри од нас. Доколку сакаме да се натпреваруваме со нив следната сезона мора да бидеме подобри. Едноставно е. Треба да победуваме натпревари. Доколку не го правите тоа, ќе имате проблеми“.
 
„Да, ова беше една од моите најдобри сезони во поглед на головите. Но на крајотна сезоната сакате да освоите трофеи. Ние ќе одиме во Баку за да освоиме трофеј. Доколку го направиме тоа, плус завршувањето во топ четири, имаме одлична сезона“.
 
„Сега имаме оцена шест и пол од десет, ако победиме во Баку можеби ќе имаме седум и пол“.
 
Челси заврши на третото место пред Тотнем и Арсенал на табелата во Премиерлигата.
 
„Ние сме најдобриот тим од Лондон, нема сомнение за тоа. Лигата е многу компетитивна. Многу е тешко самото тоа да се биде меѓу најдобрите четири. Ние го постигнавме тоа, работевме сите заедно и мислам дека направивме добра работа“.
 
„Се разбира дека можевме и подобро, но на крајот целта беше да бидеме во топ четири, и ја остваривме“.
 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе