Белгиецот не знае кој број ќе го носи

Азар откри дека имал специјално барање до Модриќ: Го прашав дали ќе ми ја даде 10-та, ми кажа НЕ!

Еден Азар не знае со кој број ќе настапува следната сезона, Белгиецот побарал од Лука Модриќ да му ја отстапи 10-та, но Хрватот не сакал да слушне за ова.

Еден Азар денеска беше промовиран како нов играч на Реал Мадрид, фановите преку он-лајн продавницата на „кралевите“ веќе можат да си набават дрес од Белгиецот.

Тој се продава за прилично „солени“ 110 и 150 долари, и во моментов на него стои само презимето на играчот. Се уште не е јасно кој број ќе го добие Еден Азар, со оглед на тоа дека 10-та веќе е на грбот на Лука Модриќ.

На денешната промоција, новинарите го запрашаа Еден Азар на оваа тема и тој немаше одговор. Во исто време откри и дека разговарал со Лука Модриќ преку Матео Ковачиќ но Хрватот дал негативен одговор.

„Имав прилика преку Ковачиќ да разговарам со Модриќ, на шала го прашав дали ќе ми го остави дресот со број 10, но ми рече НЕ. Не ми е важно кој број ќе го носам, најважно е што ќе го носам дресот и грбот на Реал Мадрид“ – вели Еден Азар.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе