Реал Мадрид

Азар: Не знам шпански, не допираат критиките до мене

Еден Азар нема почеток во Реал Мадрид каков што се очекуваше, поранешниот фудбалер на Челси е мета на критики, но тој вели дека тие не допираат до него. 

Азар единствениот видлив учинок досега во Реал Мадрид го имаше на мечот против Гранада кој заврши 4-2 за кралскиот клуб, Белгиецот даде гол и имаше асистенција.
 
Со вишок килограми се појави на подготовките на Реал Мадрид што изгледаше шокантно. Го правите трансферот од соништата, а потоа не внимавате во кваква форма ќе пристигнете во клубот. Перформансите на Азар беа очајни на теренот, а критиките големи. Но тој не изгледа загрижено.
 
„Не, немам тежок период на почетокот во Реал Мадрид“, вели Азар.
 
„Знам дека секаде се зборува многу за Реал Мадрид, затоа сум тука, но не разбирам шпански добро, па не ги читам критиките“.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе