Белгиецот се јави по критиките за смеењето на Стемфорд Бриџ

Азар: Не сакав да ги навредам фановите на Реал Мадрид

Еден Азар вели дека немал намера да ги навреди фановите на Реал Мадрид со гестот по поразот од Челси во полуфиналето од Лигата на шампионите. 

Реал Мадрид синоќа беше елиминиран од Лигата на шампионите, а по мечот Азар се смееше заедно со фудбалерите на Челси. На сликите изгледаше како воопшто да не му е криво за поразот.
 
Таквиот негов однос ги разочара фановите на Реал Мадрид кои побараа Азар колку што е можно побрзо да си оди од клубот. Фудбалерот сега излезе со изјава преку стори на својот инстаграм профил.
 
„Жал ми е. Прочитав многу мислења за мене денескка и не беше моја намера да ги навредам фановите на Реал Мадрид. Отсекогаш мој сон било да играм за Реал Мадрид и тука дојдов за да победувам. Сезоната не е завршена и заедно сега мора да се бориме за Ла Лига! Хала Мадрид“, напиша Азар.
 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе