Денеска има добра шанса да покаже дека вреди

Азар има лош старт на кариерата во Реал Мадрид, тој е повеќе од двојно послаб отколку во Челси

Еден Азар се уште не ги покажал квалитетите во Реал Мадрид поради кои беше купен, поранешниот играч на Челси е тивок во белиот дрес.

Азар дојде како најголемо засилување за Реал Мадрид во летниот преоден рок но Белгиецот е непрепознатлив во своите први настапи за кралскиот клуб.

Вистина е дека луѓето очекуваат многу од мене, очекувам и јас. Лично можам да бидам подобар. Секогаш ќе има критики. За да бидам галактико и најдобар во светот треба да го покажам тоа“, изјави Азар на вчерашната прес конференција.

Азар имаше повреда на почетокот на сезоната, па веројатно и таа придонесе за бавната адаптација. Не настапи на мечевите против Селта, Ваљадолид и Виљареал. Влезе во игра против Леванте, одигра цел меч со Севиља, и беше заменет против Атлетико. Во Лигата на шампионите играше против ПСЖ каде што Реал Мадрид загуби со 3-0. Неговото влијание во овие натпревари беше минимално.

Во четирите официјални меча кои ги одигра (вкупно 266 минути), имаше само четири шута (1 по натпревар), два пати ја нафрлил топката во шеснаесетникот и има процент на успешност на пасови од 82%. Од 12 обиди за дриблинг, осум му се успешни. Како за споредба, на првите пет натпревари за Челси во минатата сезона даде пет голови имаше и две асистенции.

Азар во Реал Мадрид пристигна по најдобрата сезона во Челси во која постигна 21 гол и 17 асистенции. Се одјави од синиот дрес по финалето од Лига Европа кога на Арсенал му даде два гола и беше прогласен за МВП на натпреварувањето.

Минатата сезона во Премиерлигата Азар одигра 32 натпревари, постигна 16 голови, имаше 15 асистенции, 14 пати беше прогласен за играч на натпреварот.

Во Реал Мадрид засега нема ниту гол, ниту асистенција. Можеби денешниот меч против Клуб Бриж е идеален за Азар да го демонстрира својот квалитет и да покаже зошто е доведен на Сантијаго Бернабеу.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе