СП 2022

Австралија оди во осминафинале, Тунис може само да се пофали дека го победи Светскиот шампион (ВИДЕО)

Австралија покрај Франција од групата Д оди во осминафиналето на Светското првенство, Тунис го совлада актуелниот светски шампион, но тоа не беше доволно за место во следната фаза.

Франција уште во второто коло го обезбеди местото во осминафиналето, а првото место само теоретски им беше загрозено денеска, не и реално, па селекторот Дидие Дешам извади втор тим на мечот со Тунис.
 
Тунижаните имаа надеж за осминафинале и максимално сериозно влегоа во овој дуел. Таквиот однос на селекциите донесе доминација на Тунис во периодот додека го дадоа голот.
 
Натпреварот заврши со победа на Тунис од 1-0, а единствениот гол беше дело на Казири во 58. минута.
 
 
Во продолжението од мечот Франција се обидуваше да избегне пораз, Гризман даде и гол во 98. минута, но ВАР му го поништи. Тунис го доби натпреварот, но остана без осминафинале.
 
Таму ќе игра Австралија која исто така со 1-0 ја совлада Данска. И Данците имаа шанси за второто место, но на овој Мундијал играа лошо и не заслужија да одат понатаму.
 
Единствениот погодок на мечот го постигна Лецки во 60. минута. Одличен соло пробив на фудбалерот на Австралија кој ја израдува својата земја.
 
 
Првото место го освои Франција со шест бода, исто толку има и Австралија на втората позиција, трет е Тунис со четири бода, Данците се последни со само еден освоен бод.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе