Никогаш не се појавувал на тренинг во понеделник

Авантурите на Роналдињо во Мексико: Во петок се качуваше во приватен авион и одеше во Канкун или Плаја дел Кармен

Патрисио Рубио, кој делеше соблекувална со Роналдињо во Кверетаро, откри дека Бразилецот секој петок се качувал во приватен авион и одел да се забавува на популарни дестинации како Канкун или Плаја дел Кармен.

На залезот од својата кариера, Роналдињо се реши за авантура во Мексико и направи трансфер во Кверетаро. Бразилецот таму се задржа само една година, а судејќи според сведоштвата на негов поранешен соиграч, фудбалот му бил во втор план.

„Секогаш домашните натпревари ги игравме во петок, па Роналдињо по крајот на натпреварот ќе се качеше во приватен авион и одеше да се забавува на популарните дестинации како Канкун или Плаја дел Кармен“ - раскажува Патрисио Рубио.

Роналдињо исто така никогаш не се појавувал на тренинзите во понеделник: „Секогаш се враќаше во вторник, мислам дека го немам видено на тренинг во понеделник“.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе