Немаат голема километража

Ауди ги продава автомобилите на фудбалерите на Реал Мадрид, одат како алва

Ауди ги продава автомобилите кои фудбалерите на Реал Мадрид ги возеа до минатиот месец, автомобилите на Рамос, Азар, Модриќ и Касемиро веќе имаат нови сопственици.

Ауди е спонзор на Реал Мадрид, па фудбалерите секоја година си дoбиваат нов модел. Оние старите одат на продажба и германскиот производител оваа недела ги огласи автомобилите кои „кралевите“ ги возеа до минатиот месец.

Очигледно интересот е голем, не само што автомобилите имаат мала километража, туки носат и одредена доза на сентименталост со оглед на тоа дека биле возени од фудбалските миленици.

Ауди А8 моделот на Серхио Рамос веднаш доби нов сопственик исто како и Ауди Q8 моделот на Еден Азар. Продаден е и Ауди Q7 моделот кој го возеше Лука Модриќ а нови сопственици имаат и автомобилите на Касемиро (Ауди Q7), Валверде (Ауди Q8) и Лукас Вазкез (Ауди Q8).

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе