Премиерлига

Атрактивни голови и убедлива победа, Манчестер Сити си замина со три бода од гостувањето кај Барнли (ВИДЕО)

Манчестер Сити немаше многу проблеми на гостувањето кај Барнли, избраниците на Пеп Гвардиола постигнаа два атрактивни погодока и стигнаа до убедлива победа од 1-4.

 

Цврстите и силни момци на Барнли често знаат да бидат незгодни, но вечерва избраниците на Дајч не можеа да сторат ништо против „граѓаните“. Не помогна ниту и тоа што играчите на Манчестер Сити се пресоблекуваа и подготвуваа во темница откако откажа осветлувањето во гостинската соблекувална, па на помош притрчаа луѓето од Амазон кои мораа да носат светилки.

Шампионот на Англија си замина од Трф Мор со три бода и убедлив триумф од 1-4. Габриел Жесус го отвори резултатот на средината од првиот дел, Бразилецот убаво пласираше на подалечната статива за 0-1. Истиот играч на стартот од вториот дел зголеми на 0-2, а во 68. минута од мечот падна уште еден добар погодок, Родри испрати проектил од врвот на шеснаесетникот за 0-3.

Марез во 87. минута зголеми на 0-4, а Брејди две минути подоцна постигна само почесен гол за Барнли.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе