Премиерлига

Атрактивна игра на Манчестер јунајтед и шоу на Бруно Фернандеш за лесна победа над Брајтон (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед без многу проблеми го совлада Брајтон со 0-3, избраниците на Оле Гунар Солшер прикажаа атрактивна игра а Бруно Фернандеш имаше свое шоу и два гола.

„Ѓаволите“ продолжуваат да притискаат за топ четири пласман откако вечерва прокнижија три бода на гостувањето кај Брајтон. Бруно Фернандеш имаше одлична партија и со два гола го предводеше Манчестер јунајтед до триумф од 0-3.

Резултатот го отвори младиот Мејсон Гринвуд во 16. минута. Дефанзивците на Брајтон му оставија многу простор, па напаѓачот умешно биеше на поблиската статива и ја затресе мрежата.

По половина час игра, гостите поведоа со 0-2. Погба асистираше а Бруно Фернандеш од врвот на шеснаесетникот погоди за дуплирање на предноста.

По пет минути игра во вториот дел беа решени сите дилеми. Матиќ одлично отвори контра, Гринвуд прекрасно го проигра Бруно Фернандеш а Португалецот со волеј биеше за 0-3.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе