Премиерлига

Атрактивен гол со пета и мајсторија од слободен удар, Лестер слави прва победа (ВИДЕО)

Лестер ја забележа првата победа оваа сезона откако вечерва со 4-0 славеа против Нотингем Форест, Џејмс Медисон погоди прекрасно од слободен удар а Престон Дака реализираше со пета.

Во последниот натпревар од 9. коло во Премиерлигата, Лестер со 4-0 ја доби пресметката против Нотингем Форест за прва победа оваа сезона.

Џејмс Медисон го отвори резултатот во 25. минута со многу среќа откако топката удри еден гостински фудбалер и го промени правецот. Само 100 секунди подоцна, домаќините поведоа со 2-0 со голот на Харви Барнс, кој убаво пласираше од врвот на шеснаесетникот.

Во 35. минута, Џејмс Медисон биеше мајсторски од слободен удар и го матираше Хендерсон за 3-0.

Точка на натпреварот стави Престон Дака, кој во 73. минута атрактивно реализираше со пета за голема радост на „Кинг Пауер“ стадионот.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе