Ново разочарување за „каталонците“, отпаднаа и од битката за титулата во Купот на Шпанија, вечерва избраниците на Чави загубија на гостувањето кај Атлетик Билбао.
Домаќините поведоа веќе во 2. минута, Муниаин стрелаше за 1-0. Одговорот на Барса стигна во 20. минута, Торес убаво пласираше и атрактивно погоди за деби гол и 1-1.
Мартинез во 86. минута од мечот го донесе Атлетик Билбао во водствo од 2-1, но гостите не се предадоа, Педри во 93. минута изедначи на 2-2 и донесе продолженија.
Во финишот од првото продолжение, Муниаин од пенал донесе 3-2, Барселона не успеа да се врати по третпат и мораше да се помири со елиминација.