Ќе има трето полувреме

Атлетико во војна со Гризман и Барса, се закани со тужба и побара 200 милиони евра

Атлетико се огласи по трансферот на Антоан Гризман во Барселона, „колчонероси" сметаат дека сумата од 120 милиони евра со која напаѓачот си ја купи слободата е недоволна па најавија тужба.

Сагата околу трансферот на Антоан Гризман заврши денеска откако адвокатот на напаѓачот пристигна во канцелариите на Ла Лига и ја активираше откупната клаузула од 120 миилиони евра за едностран прекин на соработката со Атлетико.

Неколку часа подоцна пристигна официјално соопштение од Барселона дека Французинот ставил потпис на петгодишен договор.

Сепак, Атлетико Мадрид не се помири со начинот на кој Антоан Гризман се пресели на Камп Ноу. Клубот од „Ванда Метрополитано“ најави тужба и порача дека сумата од 120 милиони евра не е доволна.

„Колчонероси“ сметаат дека Барселона треба да плати 200 милиони евра, односно бројката која стоеше во откупната клаузула на напаѓачот пред 1. јули. Атлетико верува дека Антоан Гризман се договорил со Барса уште во март и изразил желба да замине во мај, кога откулната клаузула била 200 милиони евра, па затоа „каталонците“ треба да ја платат оваа сума.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе