Лига на шампиони

Атлетико со гол од пенал во 97. минута го победи Милан на Сан Сиро, Ливерпул ја наполни мрежата на Порто (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со пресврт во второто полувреме со 2-1 го победи Милан на негов терен, росонерите повеќе од еден час имаа фудбалер помалку поради црвен картон на Кеси, Ливерпул со 5-1 славеше кај Порто. 

Натпреварот почна одлично за Милан, росонерите поведоа со гол на Леао во 20. минута.
 
Но клучниот момент се случи девет минути подоцна кога Кеси заработи втор жолт картон и го остави својот тим со играч помалку.
 
Атлетико Мадрид тргна силно по погодок во второто полувреме и до него дојде во 84. минута кога Гризман ја затресе мрежата на домаќините за 1-1.
 
Во судиското продолжение беше досуден пенал за Атлетико Мадрид поради игра со рака на Калулу. Најстрогата казна ја реализираше Луи Суарез за победа од 2-1.

До неочекувано убедлива победа дојде Ливерпул кој со 5-1 славеше на гостувањето кај Порто.
 
Салах и Фирмино постигнаа по два гола, еден даде Мане, голот за Порто беше дело на Тареми.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе