Не беше по мерак на Зидан, но треба перфектно да се вклопи кај Симеоне

Атлетико по 13 години купи фудбалер од Реал и тоа за 40 милиони евра

Атлетико Мадрид донесе засилување од лутиот градски ривал Реал, за 40 милиони евра е купен фудбалерот од средниот ред, Маркос Љоренте.

„Колчонероси“ попладнево соопштија дека го ангажираше Маркос Љоренте. 24 годишниот Шпанец пристигнува од локалниот ривал Реал Мадрид. Детели не беа откриени, но медиумите пренесуваат дека трансферот е вреден 40 милиони евра.

Фудбалерот не е во плановите на Зинедин Зидан, но затоа пак се вклопува во замислите на Диего Симеоне и ќе треба да го пополни местото на Родри, кој наскоро ќе се пресели во Манчстер Сити за 70 милиони евра.

Маркос Љоренте е голем борец од средниот ред, кога во сезоната 2016/17 беше на позајмица во Алавес, беше играчот со најмногу освоени топки во првенството на Шпанија, дури 303. Има одлични физички предиспозиции а знае и да игра со топка, па се очекува перфектно да се адаптира во стилот на Чоло и Атлетико.

Тој ќе стави потпис на петгодишен договор и ќе биде првиот играч кој по 13 години директно од Бернабеу завршува во Атлетико. Последен кој го заменил Реал со лутиот градски ривал е Хосе Мануел Хурадо во 2006.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе