Примера

Атлетико Мадрид се врати од два гола негатива и го победи Еибар (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со голем пресврт и погодок во самиот финиш го победи Еибар и го продолжи перфектниот старт на сезоната во Примера.

Натпреварот почна ужасно за Атлетико Мадрид, не поминаа ни 20 минути а Еибар со голови на Карлес и Арбиља веќе водеше со 2-0.
 
Добра работа беше што предноста на гостите беше рано направена, па имаше доволно време за пресврт.
 
Во 27. минута по асистенција од Диего Коста, Жоао Феликс постигна гол и го намали резултатот на 2-1.
 
По седум минути игра Витоло изедначи на 2-2. Имаше доволно време и за трет погодок.
 
Но третиот погодок дојде дури во 90. минута, нововлезениот Томас Парти погоди за победа на Атлетико Мадрид од 3-2.
 
По три одиграни кола Атлетико Мадрид е единствениот тим со максимален учинок.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе