Примера

Атлетико Мадрид победи со 5-0, и ги потсети Реал и Барса дека уште е жив (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 5-0 го победи Еибар и испрати јасна порака до Реал Мадрид и Барселона дека нема лесно да им го даде првото место. 

Тимот на Диего Симеоне во последните месеци ја загуби формата, почна да испушта бодови и им дозволи на Реал Мадрид и Барселона да се доближат до нив.
 
Но денешната претстава на Атлетико Мадрид дава јасно дознаење дека тие нема да го дадат лесно првото место.
 
Кореа и Љоренте постигнаа по два гола, еден даде Караско за убедлив триумф од 5-0.
 
Атлетико Мадрид судбината ја има во свои раце, до крајот имаат уште седум натпревари и ако ги добијат сите сигурно ќе ја освојат титулата, ако не, ќе зависат и од резултатите на Реал Мадрид и Барселона.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе