Лига на шампиони

Атлетико Мадрид ја доби првата битка со Ливерпул, Халанд донесе победа за Дортмунд (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со гол на Саул Нигез го сруши европскиот шампион во првата осминафинална пресметка, Халанд беше херојот на Борусија Дормтунд во дуелот со ПСЖ, два негови погодоци донесоа триумф од 2-1.

Атлетико Мадрид со 1-0 го победи Ливерпул кој гостуваше на Ванда Метрополитано, стадионот каде лани станаа Европски шампиони.
 
Единствениот гол беше постигнат уште во четвртата минута кога во една мешаница по корнер најдобро се снајде Саул Нигез и реализиаше за предност и победа од 1-0 за Атлетико.
 
Ливерпул се обидуваше да го израмни резултатот, но тешко ја пробиваше одбраната на домаќините.
 
Борусија Дортмунд со еден гол предност ќе патува на гостувањето во Париз, а затоа е заслужен Халанд.
 
Во првото полувреме не само што немаше голови, туку немаше ниту добри шанси на двете страни.
 
Работите се променија од 69. минута кога Халанд постигна гол за водство на Борусија Дортмунд од 1-0.
 
Само шест минути подоцна по асистенција од Мбапе, Нејмар го изедначи резултатот на 1-1.
 
Но во 77. минута Халанд испука неверојатна бомба за победа на Дортмунд од 2-1.
 
Ова беше десети гол на Халанд оваа сезона во Лигата на шампионите, во групната фаза постигна осум за Салцбург.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе