Луд натпревар со десет голови

Атлетико Мадрид го растури Реал, му даде седум гола на ривалот, четири од нив беа на Диего Коста (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид буквално го растури Реал Мадрид на пријателски натпревар, победи со 7-3 а главната улога ја имаше Диего Коста.

Иако се работеше за пријателски натпревар, атмосферата на теренот меѓу градските ривали не беше таква.
 
Резултатот беше отворен веќе по 50 секунди кога по асистенција од Жоао Феликс, Диего Коста го постигна својот прв гол на натпреварот.
 
Само седум минути подоцна веќе беше 2-0, Жоао Феликс и самиот се запиша во листата на стрелците постигнувајќи го својот прв гол за Атлетико.
 
Во 19. минута Кореа зголеми на 3-0, а десет минути подоцна Диего Коста го постигнува својот втор гол на мечот за 4-0.
 
Кошмарот на Куртоа во првиот дел не заврши тука, прими уште еден го, од Диего Коста од пенал. Хет-трик на напаѓачот.
 
Но Коста не можеше да запре, во 51. минута даде и четврти гол за неверојатен резултат 6-0 за Атлетико Мадрид против Реал.
 
Кралскиот клуб во 59. минута преку Начо го намали резултатот на 6-1, шест минути подоцна се случи инцидент. Поради фаул врз негов соиграч, Диего Коста влезе во физичка пресметка со Карвахал, на двајцата им беше покажан црвен картон.
 
Во 70. минута Витоло погоди за 7-1, а до крајот на мечот Реал Мадрид преку Бензема од пенал и Санчез успеа да го ублажи срамот и да ги постави конечните 7-3. 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе