Примера

Атлетико Мадрид го победи Сосиедад и дојде на два чекори до титулата во Примера (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид освои три многу важни бодови откако со 2-1 го победи Реал Сосиедад на свој терен. 

Тимот на Симеоне одлично го почна натпреварот, по помалку од половина час водеше со 2-0 со голови на Караско и Кореа.
 
Потоа почнаа да ја играат својата вообичаена игра, се повлекоа и чекаа на контри.
 
Таквата игра можеше да им се удри од глава, Зубелдиа во 83. минута намали на 2-1, а до крајот на мечот Реал Сосиедад создаде уште неколку шанси од кои можеше да изедначи, но тоа не се случи.
 
На две кола до крајот Атлетико Мадрид има четири бода повеќе од Барселона и пет од Реал Мадрид, кралскиот клуб има меч помалку.
 
Во последните две кола Атлетико Мадрид ја пречекува Осасуна, а потоа му гостува на Ваљадолид.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе