Примера

Атлетико Мадрид доби и подарок пенал за да дојде до трите бода против Алавес (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 2-1 го победи Алавес во последниот денешен меч од Примера, добија и подарок пенал и покрај тоа што ВАР функционира. 

Тимот на Диего Симеоне дојде до уште една неубедлива победа, но трите бода се важни за одржување на пласман во местата кои водат во Лигата на шампионите.
 
Резултатот беше отворен дури во 59. минута кога Саул Нигез по еден центаршут на Трипие погоди за водство на Атлетико Мадрид од 1-0.
 
Во 70. минута беше досуден пенал при наводен фаул врз Љоренте. Од повторените снимки убаво се гледа дека немаше никаков контакт, но судијата се чини дека не сакаше да си ја погази одлуката па и покрај тоа што се анализираше и во ВАР собата одлуката остана непроменета. Диего Коста зголеми на 2-0.
 
На почетокот од судиското продолжение Алавес доби интересен пенал, Коке легна доле под живиот ѕид, топката го удри во рака и беше покажано на белата точка. Хозелу погоди и ги постави конечните 2-1.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе