Французинот не се снаоѓа на Камп Ноу

Атлетико и понудил спектакуларна трампа на Барса, тројца играчи за Антоан Гризман

Пред почетокот на сезоната, Атлетико Мадрид имал обид да го врати Антоан Гризман во своите редови, „колчонероси" понудиле тројца играчи во замена за Французинот но Жозеп Мариа Бартомеу го одбил предлогот.

Антоан Гризман летото во 2019 се пресели во Барселона, но никако да се прикаже во право светло во дресот на „каталонците“. Често има шпекулации дека не е во најдобар однос со првата ѕвезда Лео Меси, наводно Аргентинецот не го сака Французинот и му прави опструкции.

Според „Карусел Депортиво“, Атлетико Мадрид пред почетокот на сезоната сакал да ја искористи ваквата ситуација и да го врати Антоан Гризман во своите редови.

„Колчонероси“ и понудиле спектакуларна трампа на Барса, на маса ги ставиле Алваро Мората, Томас Лемар и Мaрио Ермосо во замена за напаѓачот.

„Каталонците“ сепак не го прифатиле предлогот, Жозеп Мариа Бартомеу порачал дека Антоан Гризман не е на продажба.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе