Жесток одговор од Мадрид по изјавите на првиот човек на Барселона

Атлетико го обвини Бартомеу дека лаже и порача: Барса може да го добие Гризман само доколку искешира 120 милиони

Атлетико испрати жесток одговор по изјавата на првиот човек на Барселона, го обвини дека не ја кажува вистината и истакна дека Антоан Гризман ќе се пресели на Камп Ноу само доколку „каталонците" во кеш платат 120 милиони евра.

Претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу откри дека синоќа имало средба со Атлетико Мадрид за да се разговара за трансферот на Антоан Гризман. Тој исто така нагласи дека вчера за прв пат бил остварен контакт со Французинот.

Ова второто особено ги налути „колчонероси“ кои жестоко реагираа и обвинија дека Барселона лаже бидејќи уште во март паднал договор помеѓу клубот од Камп Ноу и напаѓачот.

„На 14. мај, Антоан Гризман го извести Мигел Анхел Хил, Диего Симеоне и Андреа Берта за неговата одлука да го напушти клубот. Во деновите кои следеа по оваа средба, Атлетико дозна дека Барселона и играчот се договориле уште во март, или поточно, само неколку дена по нашиот реванш против Јувентус во Лигата на шампионите, и дека преговорите започнале уште на средината од февруари. Од она што го кажа Жозеп Мариа Бартомеу, точно е само тоа дека вчера имаше средба помеѓу Мигел Анхел Хил и Оскар Грау и тоа на барање на Барселона. Господинот Грау побара, сега откако откупната клаузула на Антоан Гризман падна од 200 на 120 милиони евра, сумата од 120 милиони евра да биде платена на рати. Секако, одговорот на Атлетико беше негативен бидејќи веруваме дека Барселона и играчот покажаа непочитување кон Атлетико и нашите фанови“ – се вели во соопштението.

Клубот од Ванда Метрополитано исто така пренесе дека му дал инструкции на Антоан Гризман во недела да се појави на стартот на подготовките за новата сезона.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе