Примера

Атлетик Билбао може да жали што не го изненади Реал Мадрид, нов триумф на кралевите (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 3-1 го совлада Атлетик Билбао кој во најголем дел од натпреварот играше со играч помалку поради два брзи жолти картони на Гарсија. 

Уште во 13. минута Атлетик Билбао остана со фудбалер помалку, тогаш Гарсија го заработи вториот жолт картон.
 
Но на Реал Мадрид не му беше лесно ниту со фудбалер повеќе, го отворија резултатот дури во судиското продолжение од првото полувреме со гол на Тони Крос.
 
По седум минути игра во вториот дел Атлетик Билбао го изедначи резултатот со погодок на Капа.
 
Реал Мадрид пак се мачеше да дојде во водство, конечно Бензема во 74. минута погоди за 2-1.
 
Во судиското продолжение Атлетик Билбао пропушти шанса да изедначи на 2-2, но Куртоа одбрани а веднаш потоа следуваше казна и нов гол на Бензема за конечна победа од 3-1.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе