Уште во 13. минута Атлетик Билбао остана со фудбалер помалку, тогаш Гарсија го заработи вториот жолт картон.
Но на Реал Мадрид не му беше лесно ниту со фудбалер повеќе, го отворија резултатот дури во судиското продолжение од првото полувреме со гол на Тони Крос.
По седум минути игра во вториот дел Атлетик Билбао го изедначи резултатот со погодок на Капа.
Реал Мадрид пак се мачеше да дојде во водство, конечно Бензема во 74. минута погоди за 2-1.
Во судиското продолжение Атлетик Билбао пропушти шанса да изедначи на 2-2, но Куртоа одбрани а веднаш потоа следуваше казна и нов гол на Бензема за конечна победа од 3-1.