Лига на нации

Атанасов: Жедни сме за успех и докажување

Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов се надева дека тој и соиграчите ќе покажат агресивност и желба за три бода во Грзуија. 

Играчот на Хајдук, Јани Атанасов вели дека и покрај тоа што Македонија не е комплетна тие што ќе играат ќе го дадат најдоброто од себе за да ги освојат трите бода во Грузија.
 
„Не сме комплетни, ни фалат некои играчи, но затоа сме ние тука, да дадеме се од себе, да гинеме како секогаш за репрезентација. Одиме во Грузија на три бода, се чекаат задачите на селекторот и останатото е на нас“, вели Јани Атанасов.
 
„На мечот во Скопје не бевме доволно агресивни, но се надевам дека во Грузија ќе покажеме агресивност и желба за три бода“.
 
„Имаме доста млади играчи. Жедни сме за успех, жедни сме за докажување поготово кога станува збор за мечевите со репрезентацијата“.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе