Лига на шампиони

Аталанта оди во осминафинале, Динамо Загреб заврши со Европа за оваа сезона (ВИДЕО)

Аталанта е сензационален патник во осминафиналето откако со 3-0 славеше на гостувањето кај Шахтар, Манчестер Сити со 4-1 го победи Динамо во Загреб и го елиминираше од европските натпреварувања. 

Аталанта имаше ужасен почеток на сезоната во Лигата на шампионите кога доживеа дебакл од Динамо Загреб, но има одличен крај во групната фаза. Денеска во директната пресметка го совладаа Шахтар во Доњецк и се пласираа во осминафиналето.
 
Резултатот долго време беше 0-0. Конечно мрежата се тресеше во 66. минута кога Кастањ погоди за водство на Аталанта од 1-0.
 
Работата на италијанскиот тим беше олеснета во 76. минута Додо заработи црвен картон. Шахтар остана со фудбалер помалку.
 
Во 80. минута Пашалиќ зголеми на 2-0 и стави јасно дознаење кој ќе оди понатаму. А по една кардинална грешка на одбраната на Шахтар, Госенс во судиското продолжение ги постави конечните 0-3.
 
Покрај Аталанта во осминафиналето оди и Манчестер Сити кој од поодамна го визираше патот во елиминационата фаза.
 
Динамо имаше убав старт на мечот, со одличен гол на Олмо во десетата минута поведе со 1-0, со триумф тие одеа во осминафиналето, но тоа не се случи.
 
Следуваа три погодоци на Габриел Жесус, а конечниот резултат од 1-4 го постави Годен на шест минути до крајот.
 
Динамо Загреб со овој пораз заврши на последното место во групата, Шахтар ќе продолжи во Лига Европа.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе