Серија А

Аталанта може и без Папу Гомез, совршено второ полувреме за победа над Рома (ВИДЕО)

Аталанта со пресврт во второто полувреме ја победи Рома со убедливи 4-1 и покажа дека може да го игра својот прекрасен фудбал и без капитенот Папу Гомез. 

Аталанта одигра импресивно второто полувреме на дербито против Рома, Папу Гомез не беше дел од овој меч, а се чини дека веќе нема ни да биде од ниту еден друг натпревар на тимот од Бергамо.
 
Рома почна фантастично, по само три минути игра Џеко постигна гол за водство од 1-0.
 
Тој резултат беше актуелен се до 59. минута кога Запата изедначи на 1-1.
 
Во 70. минута Госенс погоди за пресврт и предност на домаќините од 2-1, а две минути подоцна, веднаш од како влезе во игра, Муриел зголеми на 3-1.
 
Конечните 4-1 ги постави Јосип Иличиќ на пет минути до крајот на натпреварот.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе