Милан првиот дел од сезоната ќе го заврши на првото место на табелата и покрај тоа што избраниците на Пиоли вечерва загубија. Аталанта ги надигра „росонерите“ на Сан Сиро и си замина со победа од 0-3 и три бода.
Ромеро го отвори резултатот во 26. минута, дефанзивецот му побегна на својот чувар и со глава го матираше Донарума. На стартот од вториот дел, Кеси реагираше неспретно со лакт го удри Иличиќ во лице, а судијата покажата на белата точка. Иличиќ ја превзеде одговорноста и биеше од 11 метри за 0-2.
Во 77. минута беа решени сите дилеми, Ромеро убаво го проигра Запата, а напаѓачот по земја биеше за 0-3.
Поразот на Милан сепак не го искористи Интер, „нероаѕурите“ со триумф над Удинезе можеа да бидат зимски шампион но одиграа само 0-0 на „Дачија Арена“.
Избраниците на Конте прикажаа премалку, најсериозната шанса ја имаа по еден кикс на домаќините, но Мусо со фантастична одбрана го спречи Лаутаро Мартинез.