Астон Вила потврди дека имаат повеќе случаи на позитивни на ковид-19 од последните тестирања, тие се во контакт со ФА и Премиерлигата по што ќе се знае дали нивните следни мечеви ќе се играат.
Астон Вила утре треба да го пречека Ливерпул во ФА Купот, а правилата за ова натпреварување велат дека мечевите нема да бидат одложени ако тимот има најмалку 14 фудбалери подготвени за игра вклучувајќи и играчи од младинскиот тим. Тоа е со цел да се избегне одложување на мечеви што би влијаело и врз распоредот на другите натпреварувања.
Астон Вила утре треба да игра со Ливерпул во ФА Купот, па на 13. јануари го пречекува Тотнем во Премиерлигата, а три дена подоцна игра со Евертон.