Популарните „вилани“ не трошат многу време кога е во прашање склопување на тимот за новата сезона.
Како прва одлука, Филипе Кутињо беше задржан и постигнат договор со Барселона за перманентен трансфер на Бразилецот. Астон Вила потоа успеа да ја доби битката за потписот на Бубакар Камара од Марсеј, а сега е потврдено и третото засилување.
Тимот предводен од Стивен Џерард соопшти дека начелно е постигнат договор за трансфер на Диего Карлос од Севиља.
Бразилецот важи за еден од подобрите дефанзивци во Шпанија и има откупна клаузула од 80 милиони евра. Во моментов нема потврда за сумата која ќе биде платена.
Трето засилување за новата сезона
Астон Вила не се шегува, договори дефанзивец на Севиља кој има откупна клаузула од 80 милиони

Фудбал
Објавено на
26 Мај 2022 - 19:19