По 11 месеци на кормилото на тимот на Астон Вила, Стивен Џерард доби отказ.
Астон Вила има само две победи од 11 натпревари во Премиерлигата оваа сезона. Работата на Џерард висеше на конец, а вчерашниот пораз од Фулам ја прели чашата кај раководството кое му даде отказ.
„Астон Вила може да потврди дека главниот тренер Стивен Џерард го напушта клубот веднаш. Сакаме да му заблагодариме на Стивен за неговата работа и посветеност и да му посакаме се најдобро во иднина“, стои во соопштението на Астон Вила.