Најавениот трансфер се оствари

Астон Вила го потврди ангажманот на Мартинез од Арсенал, но тоа нема да смени многу за Илиев

Голманот Емилијано Мартинез кој имаше фантастични партии за Арсенал, од денеска и официјално е нов голман на Астон Вила. 

„Асто Вила со задоволство може да соопшти дека потпиша договор со Емилијано Мартинез од Арсенал. 28-годишниот голман кој го крена пехарот од ФА Купот со топчиите минатата сезона се согласи на четиригодишен договор“, стои во соопштението на Астон Вила.
 
Астон Вила за Мартинез на Арсенал му плаќа 16 милиони фунти кои со бонуси можат да достигнат до 20 милиони фунти.
 
За жал заминувањето на Мартинез од Арсенал нема да значи и поголема шанса за нашиот Дени Илиев бидејќи топчиите веќе преговараат со Дижон за ангажман на нивниот голман.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе