Чемпионшип

Асистенција и одлична партија за Алиоски во победата на Лидс од 2-0 над Дерби (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски прикажа одлична партија и забележа асистенција во дербито помеѓу Лидс и Дерби кое домаќините го добија со 2-0 и се зацврстија на врвот на табелата.

Мечот на „Еланд роуд“ се најде во центарот на вниманието на светската фудбалската јавност откако синоќешниот тренинг на Дерби морал на кратко да биде прекинат поради интервенција на полицијата која пристигнала да легитимира сомнително лице крај оградата, кое всушност било вработене во Лидс јунајтед.

Резултатот го отвори Руфи во 20. минута, напаѓачот доби одлична топка од Кларк во петерецот и биеше прецизно за 1-0.

Дилемите беа решени на стартот од вториот дел кога по една несигурна интервенција на гостинскиот голман, Алиоски одлично се снајде и спушти за Харисон кој од неколку метри ја затресе празната мрежа. Покрај асистенцијата, Македонецот имаше неколку добри потези и беше еден од подобрите играчи на „белите“ на теренот.

 

Со овој триумф, Лидс се зацврсти на врвот на табелата и има 54 бода по 27 одиграни кола.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе