По серијата лоши резултати

Ашдод му врачи отказ на Благоја Милевски

Поранешниот селектор на младата македонска репрезентација, Благоја Милевски доби отказ од израелскиот клуб Ашдод поради слабите резултати. 

По поразот од Бнеи Сакнин од 4-3, раководството на Ашдод реши да се раздели со Благоја Милевски, тоа беше трет пораз во низа.
 
Милевски имаше солиден почеток со Ашдод, освои седум бода на четири меча, но потоа влезе во криза и серија негативни резултати по кои клубот се одлучи да ја прекине соработката со македонскиот тренер.
 
Благоја Милевски во Ашдод помина и дел од играчката кариера каде настапуваше од 2001 до 2004 година.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе