БИЗАРНА ПРИЧИНА

Асенсио го пропушта првиот натпревар на Реал во ЛШ поради повреда... заработена на депилација!

Марко Асенсио ќе мора да го прескокне дуелот со АПОЕЛ во Лигата на шампионите поради бизарна причина, младата ѕвезда на Реал Мадрид заработил повреда на депилација

Зинедин Зидан на вчерашната прес конференција откри дека младиот Марко Асенсио ќе го пропушти дуелот со АПОЕЛ на Баернабеу.

Французинот на располагање има голем број на ѕвезди, па отсуството на Шпанецот немаше да биде толку голема вест доколку не се работеше за бизарна причина поради која тој не е во комбинација.

Официјалното образложение на Реал Мадрид е дека Марко Асенсио има инфекција на ногата, таа му предизвикува непријатност кога трча, па нема да ризикуваат.

Но медиумите од Шпанија пишуваат дека ова не е целата приказна, односно „Кралевите“ не кажуваат како настанала инфекцијата.

Извештаите велат дека Марко Асенсио пред неколку дена се депилирал и зарабатил инфекција при отстранвуање на влакната на нозете.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе