Можеше да постигне гол за кој долго ќе се зборуваше

Асенсио го испрати Де Роси во пензија, ама малку претера и не се прослави (ВИДЕО)

Марко Асенсио против Рома уште еднаш покажа дел од својот раскошен талент, со еден потег го прати Де Роси во пензија, но сакаше да се направи мангуп, да даде гол без да гледа и погреши.

Марко Асенсио е еден од играчите кои се очекува да блеснат оваа сезона сега откако сите очи во Реал не се вперени во Кристијано Роналдо. Младиот Шпанец против Рома одново покажа дел од својот раскошен талент и можеше да го има потегот на вечерта во Лигата на шампионите.

Тој елегантно прими една топка и со ролинг се ослободи од Де Роси и Пелегрини во срцето на шеснаесетникот. Но наместо рутински да финишира, Асенсио ја сврте главата во лево и шутна десно, сакаше да даде гол без да гледа, па голманот на Рома му одбрани.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе