Во исчекување на официјално соопштение

АС вели дека Модриќ останува во Реал, Хрватите од Интер го бараат Лука: Кој недостасува? (ФОТО)

Мадрид АС објави дека Лука Модриќ одлучил да продолжи во Реал Мадрид, но кратко потоа хрватската колонија од Интер го прозва својот сонародник на социјалните мрежи и изнуди негова реакција.

Лука Модриќ денеска требаше да се сретне со Флорентино Перез, средба по која ќе се знае дали тој останува во Реал Мадрид или пак ќе се пресели во Интер.

Се уште нема информации како поминал состанокот, но според пишувањата на АС, Лука Модриќ решил да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и да продолжи да го носи дресот на „Кралевите“.

Сепак ваквите информации не ги спречи хрватските репрезентативци од Интер да сугерираат дека нивниот сонародник треба да пристигне на „Џузепе Меаца“.

Иван Перишиш на Инстаграм објави фотографија со Марсело Бросовиќ и новото засилување Шиме Врсаљко, му посака добредојде на десниот бек и праша: „Кој недостасува?“.

На сите им е јасно дека станува збор за Лука Модриќ, а дури и самиот фудбалер на Реал Мадрид реагираше и ја лајкна објавата.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе