Талентираниот Србин станува нов „крал“

АС: Реал Мадрид следната недела ќе го направи Лука Јовиќ најскап фудбалер на Балканот!

Според пишувањата на АС, трансферот на Лука Јовиќ во Реал Мадрид е заврешна работа и се чека само Ајнтрахт да го одигра последниот меч во Бундеслигата за напаѓачот да стане нов „крал"

Реал Мадрид веќе го официјализираше трансферот на Едер Милитао од Порто за 50 милиони евра, а треба да пристигне и Еден Азар. Л’екип објави дека се е договорено и зделката вредна околу 100 милиони евра ќе биде потврдена по дуелот на Челси со Арсенал во финалето од Лига Европа на 29. мај.

Овој рецепт ќе биде применет за уште едно засилување, односно Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт. АС вели дека трансферот на Србинот е завршена работа но ќе биде официјализиран следната недела откако Ајнтрахт ќе го одигра последниот меч во Бундеслигата.

„Орлите“ од Франкфурт се уште се борат за топ четири пласман и место во Лигата на шампионите, па Реал не сака да им го одвлече вниманието.

Клубот од Бернабеу ќе плати 60 милиони евра за Лука Јовиќ и ќе го направи 21 годишниот напаѓач најскапиот фудбалер на Балканот.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе