ФА Куп

Артета му одржа лекција на Гвардиола, Арсенал го победи Сити за пласман во финале (ВИДЕО)

Арсенал со 2-0 го победи Манчестер Сити и се пласира во финалето од ФА Купот, Микел Артета беше подобар од Пеп Гвардиола. 

Пеп Гвардиола беше надмудрен од неговиот доскорешен помошник Микел Артета. Арсенал одигра тактички перфектен меч и сосема заслужено се радува на голем триумф.
 
Резултатот беше отворен во 19. минута кога по асистенција од Пепе, Обамејанг постигна гол за водство на Арсенал од 1-0.
 
Во првото полувреме топчиите можеа и повеќе да водат, но пропуштија уште неколку шанси преку Обамејанг, Лаказет и Мустафи.
 
Во вториот дел Сити нападна уште посилно, Арсенал играше одлична дефанзива и се закануваше од контри. При еден таков брз напад Обамејанг постигна нов гол и зголеми на 2-0.
 
По вториот гол Арсенал уште повеќе се затвори, а Манчестер Сити немоќно се обидуваше да создаде шанса.
 
Тимот на Пеп Гвардиола изгледаше немоќно во текот на целиот меч, ја немаше разиграноста која ги краси, а не создаваа ниту шанси за гол, нивната иницијатива беше јалова.
 
Арсенал во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Челси.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе