Шпанецот доби три ипол годишен договор

Артета и официјално е нов тренер на Арсенал: Не чека многу работа, ништо нема да се случи преку ноќ

Микел Артета е именуван за нов тренер на Арсенал, Шпанецот вели дека ова е голема чест за него и предупредува дека ќе треба време за клубот да почне да се бори за трофеи.

Микел Артета се враќа на Емирати, Шпанецот ќе го наследи својот сонародник Унаи Емери на жешкото тренерско столче.

„Задоволени сме што можеме да соопштиме дека Микел Артета ќе биде нашиот нов тренер. Микел, кој е поранешен капитен на Арсенал и играше за нас пет ипол сезони од 2011 до 2016, стави потпис на три ипол годишен договор“ – гласеше известувањето на „топчиите“.

За новата авантура, Микел Артета вели: „Ова е голема чест. Арсенал е еден од најголемите клубови во светот. Треба да се бориме за најголемите трофеи, ова ми беше ставено јасно до знаење на разговорите со Стен и Џош Кронки и останатите директори во клубот. Сите знаеме дека не чека многу работа, но убеден сум дека ќе успееме. Знам дека ништо нема да се случи преку ноќ, но во составот има доволно талентирани играчи и доста млади фудбалери кои доаѓаат од академијата“.   

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе