„Со задоволство можеме да соопштиме дека Микел Артета потпиша нов договор со клубот“, стои во соопштението на Арсенал.
Шпанскиот стратег е среќен што продолжува да биде тренер на топчиите.
„Возбуден сум, благодарен, и навистина, навистина среќен“, вели Артета.
„Сакаме да го однесеме клубот на следно ниво и да бидеме конкурентни на најголемит клубови. За да го направиме тоа треба да играме во Лигата на шампионите. Треба да го развиваме тимот, да напредуваат нашите фудбалери, да напредуваме во сите сегменти, дополнително да се поврземе со фановите, атмосферата на Емирати да биде уште подобра“.