Нов дефанзивец пристигнува во Лондон

Артета го донесе првото засилување во Арсенал, купи играч кој три години беше член на Сити а не одигра ниту минута

По долги преговори, Арсенал го ангажираше дефанзивецот Пабло Мари, Шпанецот пристигнува од Фламенго на позајмица до крајот на сезоната со опција во целост да биде купен.

Микел Артета го донесе првото засилувње на „Емирати“, Арсенал попладнево потпиша со 26 годишниот Пабло Мари. Се работи за дефанзивец кој пристигнува на позајмица од Фламенго за која ќе бидат платени 4 милиони фунти. „Топчиите“ исто така ќе имаат опција во целост да го купат Шпанецот за додатни 8 милиони фунти.

„Пабло е искусен играч и ќе донесе квалитет во нашата одбрана. Подолго време го следиме и задволни сме што успеавме да се договараме со Фламенго“ – вели техничкиот директор Еду.

Интересно е тоа што Пабло Мари три години беше играч на Манчестер Сити, каде Микел Артета работеше како помошник  на Пеп Гвардиола. Тој беше купен во 2016, но не одигра ниту една минута за „граѓаните“, најпрво беше испратен на позајмица во Жирона, потоа во НАЦ Бреда, па во Депортиво Ла Коруња, за во јули минатата година да биде продаден на Фламенго.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе