Треба да биде замена за Обамејанг

Арсенал за 48 милиони фунти ќе купи фудбалер кој пред три години го продаде за 500 илјади фунти!?

Иднината на Пјер Емерик Обамејанг во Северен Лондон е под знак прашалник, па Арсенал разгледува неколку опции, една од нив е младиот Дониел Мален кој беше дел од школата на „топчиите" и сега го носи дресот на ПСВ.

Пјер Емерик Обамејанг е обврзан кон Арасенал до 30. јуни 2021 година, Микел Артета порача дека ќе стори се што може за да го задржи напаѓачот, но „топчиите“ ќе имаат голема мака да ја продолжат соработката со Габонецот.

Се шпекулира дека голгетерот бара да стане еден од најплатените во Премиерлигата, и неделни примиња од 300.000 фунти за да остане во Северен Лондон, сума која Арсенал тешко може да си ја дозволи, особено без настап во Лигата на шампиони.

Без потпис на нов договор, Пјер Емерик Обамејанг летоска ќе се најде на продажба а „топчиите“ ќе донесат нов напаѓач. Медиумите пишуваат дека една од опциите е 21 годишниот Дониел Мален.

Холанѓанецот две години беше дел од школата на Арсенал и откако не успеа посериозно да се наметне, беше продаден на ПСВ во 2017 за скромни 500.000 фунти.

Во Ајндховен тој доби простор да блесне, во првиот дел од оваа сезона постигна 17 погодока и придодаден 9 асистенции, па го привлече вниманието на многу клубови. ПСВ сака „дебело“ да наплати, и Арсенал ќе треба да одвои околу 48 милиони фунти (55 милиони евра) или 100 пати повеќе од сумата која ја доби пред три години, за да го врати Дониел Мален во своите редови.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе