Премиерлига

Арсенал во драматична завршница избегна пораз кај Челси, Њукасл уште полудо се спаси кај Евертон (ВИДЕО)

24. коло од Премиерлигата донесе неколку возбудливи мечеви, Евертон не победи и покрај тоа што водеше со 2-0 до 94. минута, Челси и со играч помалку не успеа да го совлада Арсенал а Астон Вила во 95. минута стигна до триумф.

Драматично беше на Стемфорд Бриџ. Челси поведе во големото градско дерби против Арсенал со 1-0 со голот на Жоржињо од пенал, а во исто време „топчиите" останаа со играч помалку откако црвен картон заработи Давид Луиз.

Но во 63. минута Канте се лизна на средината од теренот и му овозможи на Мартинели да го претрча цел терен и да изедначи на 1-1.

Челси се врати во водство преку капитенот Аспиликета во 84. минута, но радоста траеше кратко. Белерин во 87. минута погоди со удар од работ на шеснаесетникот за поделба на бодовите.

Уште полудо беше на Гудисон Парк, каде Евертон мораше да се задоволи само со бод од дуелот против Њукасл и покрај тоа што водеше со 2-0 до самата завршница. По еден час игра Кин погоди за 1-0, а на стартот од вториот дел, Калверт Луин ја дуплираше предноста.

Се беше подготвено за славје на Гудисон, но Лежeн во 94. минута искористи една мешаница по корнер за да намали на 2-1. 90 секунди подоцна настана нова мешаница во шеснасетникот на Евертон, а Лежен повторно најдобро се снајде и погоди за 2-2 и голем бод.

Гол длабоко во судиското надополнување имаше и на Вила Парк, каде Астон Вила во 95. минута стигна до триумф од 2-1 над Вотфорд.

Борнмут со 3-1 го совлада Брајтон, Саутемптон со 0-2 победи кај Кристал Палас, а Манчестер Сити со минимален триумф од 0-1 си замина од гостувањето кај Шефилд јунајтед.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе