Премиерлига

Арсенал во 95. минута се спасуваше од пораз против Кристал Палас (ВИДЕО)

Малку фалеше легендата на Арсенал, Патрик Виеира со Кристал Палас да ги победи топчиите на Емирати, Лаказет во 95. минута донесе бод за домаќинот. 

Арсенал одлично го почна натпреварот, Обамејанг погоди во осмата минута за водство од 1-0.
 
Во 42. минута Мекартур можеби требаше да добие црвен картон откако крвнички го шутна Сака, но помина само со жолт.
 
По пет минути игра во второто полувреме Бентеке погоди за 1-1, а во 73. минута реализираше Едуард за комплетен пресврт и водство на Кристал Палас од 2-1.
 
Судијата покажа четири минути продолжени, но на Арсенал му дозволи да го изведе корнерот откако помина тој период. Топчиите го искористија тоа и преку Лаказет успеаа да го изедначат резултатот на 2-2 и да се спасат од пораз.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе