Сега целиот тим ќе оди во изолација

Арсенал велеше шансите се екстремно мали, на крај испадна дека Артета е позитивен на коронавирус!

„Топчиите" доцна вечерва соопштија дека тренерот Микел Артета бил позитивен на коронавирус, па сега целиот тим и тренерски персонал на Арсенал ќе оди во изолација.

Дуелот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал што требаше да се одигра вчера се одложи поради тоа што членови на „точиите“ имале контакт со сопственикот на Олимпијакос, кој пак е позитивен на Ковид 19.

Клубот од Северен Лондон сметаше дека шансите за некој да се зарази биле екстремно мали, но сега испадна дека тоа не е точно. Доцна вечерва, Арсенал соопшти дека Микел Артеат бил позитивен на коронавирус.

Па сега целиот прв тим и тренерски персонал ќе оди во изолација, како и уште многу други членови на клубот. Затворени ќе бидат и тренинг центрите во Колни и Хејл Енд.

„Ова е големо разочарување. Не се чувствував добро, направи тест и испадна дека имам коронавиурс. Ќе се вратам на работа веднаш штом лекарите ми дадат зелено светло“ – изјави Шпанецот.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе