Премиерлига

Арсенал се мачеше едно полувреме, па го растури Њукасл (ВИДЕО)

„Топчиите" по месец дена стигнаа до три бода во Премиерлигата откако вечерва со 4-0 го совладаа Њукасл, домаќините се разиграа во второто полувреме кога паднаа сите голови.

По четири нерешени натпревари, Арсенал стигна до победа. Вечера на Емирати го совлада Њукасл со 4-0. Избраниците на Артета се разиграа во второто полувреме, Обамејанг го отвори резултатот во 54. минута а 180 секунди подоцна, Пепе погоди за 2-0.

Озил во 90. минута зголеми на 3-0, а длабоко во судиското надополнување, Лаказет се запиша во листата на стрелците и ги постави конечните 4-0.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе