Премиерлига

Арсенал по 14 години се радува на Олд Трафорд, Погба виновник за поразот (ВИДЕО)

„Топчиите" по 14 години успеаја да го совладаат Манчестер јунајтед на гости во Премиерлигата, Пјер Емерик Обамејанг погоди од пенал за триумф од 0-1.

Арсенал конечно се радува на Олд Трафорд во Премиерлигата, по 5.159 дена, „топчиите“ слават на гости кај лутиот ривал Манчестер јунајтед, претходната победа се случи дури во 2006.

Пол Погба е трагичар откако реагираше неспретно и го собори Ектор Бељерин во шеснаесетникот, иако десниот бек не преставуваше опасност по голот на Де Хеа. Пјер Емерик Обамејанг превзеде одговорност и погоди од белата точка за 0-1 во 69. минута.

„Топчиите“ во финишот од мечот го „паркираа автобусот“ па Манчестер јунајтед немаше многу шанси за избегнување пораз, најблиску до гол беа кога Елнени сам си ја затресе стативате.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе