Арсенал и Кристал Палас одиграа лош меч, без посериозни шанси за гол кој заврши без победник 0-0.
По трите победи во серија во Премиерлигата, Арсенал можеа со нови три бода да дојдат чекор поблиску до врвот, но не успеаа, одиграа далеку од потребното ниво за да дојдат до триумф.
Како позитивен момент од овој натпревар можат да го извадат фактот што ова беше прв нивни натпревар оваа сезона во Премиерлигата без да примат гол.